strasho pindzur strasho pindzur

За паралелките со посебни потреби

            Во составот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци,од 1975 година работат посебните паралелки во кои се реализира воспитно-образовниот процес на ученици со развојни проблеми и посебни образовни потреби.Во моментот функционираат 5 паралелки во кои се опфатени ученици од прво до деветто одделение со лесна попреченост во интелектуалниот развој и со мултихендикеп. Во посебните паралелки работат 4 наставници дефектолози.Нашето училиште е едно од ретките училишта во Републиката, во кое се реализира инклузија на ученици кои имаат потешкотии во учењето, a се во редовна настава. Еден од четирите дефектолози е вклучен во стручниот тим на училиштето и работи индивидуално со учениците во зависност од индивидуалните потреби. Корективната образовно-воспитна дејност се реализира по адаптирани наставни планови и програми.Основна цел на воспитно-образовниот процес е овие деца да совлаадат определен систем од знаења, умеења, навики, личностни квалитети, затоа што имаат право на тоа, како и правото да се социјализираат во општеството.Покрај редовната настава со учениците се изведуваат слободни ученички активности:  рецитаторска, музичка, драмска, ликовна, спортска секција.Традиционално се подготвуваат приредби по повод 3 ти декември- светскиот ден на хендикепираните,Нова година, Осми март и за крај на учебната година.Нашите ученици се скоро секогаш активни учесници и  на спортските натпревари и турнири во организација на Специјална Олимпијада на Македонија и Републичките игри без граници на ниво на училиште и посебни паралелки кои се организираат за оваа категорија на деца и скоро секогаш забележуваат видни резултати.Доказ се медалите и трофеите за освоени први места во различни дисциплини. Посебните паралелки имаат соработка со невладини организации, локална самоуправа,јавни и приватни претпријатија,родители активисти.По пат на спонзорства и донации секоја година се организираат екскурзии со учениците преку кои учениците учат и се запознаваат со убавините и знаменитостите на нашата држава.